Понеделник носи брза промена на времето уште во најраните утрински часови. Ќе започнат нови врнежи во текот на ноќта, а низ котлините ќе започнат како врнежи од дожд / влажен снег, а потоа ќе преминат во врнежи само од снег. Според МЕТЕОПРО јужната половина од земјата врнежите ќе ги добие подоцна во текот на ноќта и истите на пониските места ќе бидат од дожд, со мала веројатност да преминат во снег. На повисоките места овие врнежи ќе бидат само од снег, но нема да траат повеќе од 6 до 8 часа.
Западниот планински регион очекува пооблни врнежи за разлика од останатите краишта од земјава, но заради краткотрајноста, нема да има особена снежна покривка (околу 25cm).
Ќе дува умерен, на моменти и засилен северен ветер.Веќе попладне врнежи ќе нема, а облачноста значително ќе се намали, по што следува студена ноќ. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С низ котлините. Минимална до 2°С се очекува во Гевгелиско – Дојранскиот крај.
Максималната температура ќе има вредност околу 2°С низ поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток максималната ќе достигне до 5°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу -2°С.
Во скопската котлина пред зори се очекуваат врнежи од снег, но од истите не се очекува поголема снежна покривка. Наутро, врнежите ќе ослабнат, а попладне облачноста значително ќе се намали. Ќе дува умерен, на моменти и засилен северен ветер.
Минималната температура ќе има вредност околу -2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 3°С
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.