
Според хрватските медиуми, претседателскиот кандидат и сè уште актуелен прв човек во Хрватска, Иво Јосиповиќ, го признал поразот на изборите за претседател во таа земја.
Како што јавуваат репортерите на „Јутарњи“ од штабот на Јосиповиќ, тој, околу 21.15 часот изјавил: „Готово е, победи госпоѓата!“.
– Не би говорела за изненадување. Сигурно имало пропусти во кампањата, но тоа сега не е ни малку важно. Ако пресудат избирачите од дијаспората, тоа ќе биде пирова победа – изјави Жељка Антуновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


