| четврток, 6 декември 2018 |

Секој Србин задолжен од државата дополнително за речиси едно евро

beograd belgrad

Државата го задолжила секој граѓанин на Србија во 2014 година дополнително со речиси едно евро дневно, објави „Блиц“.

Во 2015 година Србија влезе со долг од вкупно 22,74 милијарди евра.

– Иако беше тешко да се наведе дека долговите може да се препакуваат, односно дека Владата ќе работи на тоа старите кредити да ги замени со нови, со пониска камата, засега нема ништо од тоа – наведува весникот.

Во моментот каматите во светот се на најниско ниво.

Граѓаните на Србија за годишно добиваат од банките 1,5 отсто камата, додека државата на истите тие банки во Србија им исплаќа камати од 7,5 отсто на кредити земени во 2010 или 2011 година.

– Во зависност од приходите во буџетот во оваа година, ќе се разгледа можност за предвремено исплаќање на кредитите кои може да се сметаат за неповолни, велат од Министерството за финансии во изјава за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top