Честите криминални дела се причина албанската полиција да почне акција за откривање и приведување на лицата со криминално досие кои досега биле недостапни за полицијата, но и лица кои се движат со оружје на себе.
Врз основа на посебен оперативен план стотици припадници на полицијата ќе вршат контрола во населените места и главните патишта.
-Припадниците на единицата за брзи интервенции,РЕНЕА, во соработка со полициските работници во сите околии ќе вршат контрола по патиштата, улиците,ноќните клубови,дискотеки, пабови и други објкети.Полицијата го класифицираше овој план како суперакција. Најголемиот број од припадниците на полицијата ќе бидат стационирани во Тирана – потврдил висок полициски функционер за онлајн изданието на весникот „Шекули“.
Според истиот извор спроведувањето на акцијата нема определен временски рок а нејзина цел е да се заштити заедницата од криминалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре