| четврток, 6 декември 2018 |

Џулија Манкузо го лоцираше изгубениот лаптоп во Загреб!

Американската алпска скијачка и една од најдобрите во светот Џулија Манкузо на фејсбук објави дека успеала да го лоцира својот изгубен или украден компјутер во Загреб!

julija mankuzo

Таа претходно имала инсталирано скриена програма за лоцирање и откако новиот „сопственик“ го уклучил компјутерот таа добила информација каде се наоѓа.
Веднаш ја објави сликата од мапата каде се гледа дека нејзиниот „мекбук про“ се наоѓа во Загреб со точна адреса.
Веднаш во коментарите под нејзината објава многу нејзини фанови со доза на хумор напишаа дека можеби некој од семејството Костелиќ и го земал.

julija mankuzo 1

Да се надеваме дека полицијата во Загреб ќе си ја заврши работата и личниот компјутер на скијачката ќе биде вратен.
Денеска Манкузо ќе учествува на трката во супервелеслалом што се вози во австрискиот ски-центар Бад Клајкирхејм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top