Повеќето канцери можат да се сведат на лоша среќа наместо на ризичните фактори, како што е пушењето, стои во една нова студија.
Американски тим научници се обидувале да објаснат зошто некои ткива се милиони пати покревки на канцери отколку други.
Резултатот кој беше објавен во списаанието Сајанс, покажува дека две третини од некои видови канцер кои биле анализирани биле предизвикани само од случајна мутација, наместо од стилот на живеење.
Сепак некои од најчестите и смртоносни канцери сеуште се под силно влијание од стилот на живеење.
Од Канцер рисрч ВБ велат дека здравиот стил на живеење сеуште со голема веројатност би ги сопрело чансите во корист на личноста.
Време е да ја фрлиме претпазливоста низ ветер?
Па време ли е да се разведриме, да јадеме и пиеме се што сакаме без да се обѕирнуваме на светот?
Сите канцери имаат елемент на случајност – коцка која се тркала и која одлучува дали вашата ДНК примила мутација која ќе доведе до рак.
Студијата покажува дека две третини од познатите видови канцер се едноставно само случајни. Но останата третина сеуште е многу зависна од изборите во животот кои ги правиме.
Премногу алкохол, времето поминато под сонцето или претерана тежина значи дека си играме со коцката, и дека шансите не се на наша страна.
Запомнете дека пушењето придонесува за една петтина од сите канцери во светот.
Овие откритија се потсетување дека станува збор само лоша среќа, и дека единствената шанса за лекување е раното откривање на ракот.
Но тоа не е изговор да се откажеме од одлуките како ќе го водиме животот од Нова година натаму.
Сива линија
Во САД, 6,9 проценти од луѓето развиле рак на белите дробови, 0,6 проценти рак на мозокот, а 0,00072 проценти добиле тумори на грлото (гласните жици) во некој момент од својот живот.
Токисините од димот од цигарите може да објасни зошто ракот на белите дробови е толку чест.
Но дигестивниот систем е изложен на многу повеќе токсини од природата отколку мозокот, па сепак мозочните тумори се три пати почести кај оние на малите црева.
Корењата на канцерот
Тимовите научници од Школата за медицина при Универзитетот Џон Хопкинс и Блумберг школата за јавно здравје, веруваат дека одговорот лежи во начинот на кој ткивото се регенерира.
Старите заморени клетки во телото се постојано заменувани со нови кои ги создаваат стем ќелиите кои се делат.
Но со секоја поделба доаѓа и ризикот од опасна мутација, која ги води стем клетките на еден чекор поблиску да станат канцерозни.
Брзината на обратот варира низ телото со брз обрат во сооднос со обвивката на цревата, а побавно со мозокот.
Истражувачите споредувале колку често стем клетките се делат во 31 ткиво во телото во текот на животот, со веројатноста за појава на канцер во тие ткива.
Тие заклучиле дека две третини о видовите канцер се „заради лошата среќа“ по делењето на стем ќелиите кои собрале мутации што не може да биде спречено.
Меѓу овие видови канцер се глиобластомата (канцери на мозокот), канцерите на малите црева и канцерите на панкреасот.
Кристијан Томасети, асистент по онкологија и еден од истражувачите, рече дека фокусот на превенцијата нема да ги спречи овие канцери да не се појават.
– Ако инциденцата за две третини од канцерите во ткивата се објаснува со случајна мутација на ДНК која често се случува кога стем ќелите се делат, тогаш промената на нашиот стил на живеење и навиките ќе бидат од голема помош во превенцијата од некои видови канцери, но ова можеби нема да биде ефикасно и за бројни други канцери. Треба да фокусираме повеќе ресусри на изнаоѓањето на начини за рано да детектираме вакви канцери, кога се тие во фаза на излечливост.
Лош животен стил
Меѓу останатата третина од канцерите кои се под влиајание на стилот на живеење, на вируси или на зголемен ризик во семејството, се некои од најчестите видови канцер.
Базалната клеточна карцинома – вид на канцери на кожата кои се најчести при долготрајно изложување на УВ зраци.
Рак на белите дробови – кои се силно поврзани со пушењето.
Рак на дебелото срево – чиј ризик се зголемува со лошата исхрана или преку ризикот од гени во семејството.
Два од најчестите видови на рак – на дојката и на простатата – не биле анализирани затоа што истражувачите не можеле да најдат конзистентна стапка на поделба на стем клетките кај овие ткива.
Одделни истражувања од Канцер рисрч ВБ покажуваат дека повеќе од четири од 10 од вкупниот број на канцери биле заради стилот на живеење.
Д-р Емили Смит, одговорна за информации во добортворната организација, за Би-Би-Си изјави: „Проценуваме дека четири од 10 канцери можат да се спречат со промена на стилот на живеење, како што е престанување со пушењето, потоа да се одржува здрава телесна тежина, конзумирањето здрава храна и откажување од пиењето.
– Но овие промени не се гаранција против канцерите, туку ги поткреваат шансите во наша корист. Витално е да продолжиме да правиме прогрес во детектирањето на канцери во рана фаза, и во подобрувањето на третманите, но на прво место останува помошта луѓето да сфатат како да ги намалат ризите да развијат канцер, што останува круцијално во борбата со канцерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




