| четврток, 6 декември 2018 |

21-годишно момче загина во сообраќајка на патот Куманово-Липково

soobrakajka-aaa

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19 часот на регионалниот пат Куманово – Липково.

– Љуман М. (21) од село Слупчане, управувајќи со патничко моторно возило „форд пума“ со кумановски регистарски таблички, во близина на селските гробишта кај село Оризаре изгубил контрола врз возилото и поминал на левата страна од коловозната лента по што удрил во објект, лоциран покрај патот, информира портпаролката на МВР, Марија Јаковлеска.

Од здобиените повреди 21-годишниот жител на Слупчане починал на лице место, а лекар од кумановската итна помош само ја констатирал смртта кај момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top