| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на седум години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

По повод навршувањето на седум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ, на 12. Јануари, понеделник, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, вбр, како и  членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјата пред командата на вбр во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.

На одбележувањето на седум години од хеликоптерската несреќа, на спомен обележјето кај Катлановско Блаце,  покрај членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр, ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, припадници на ЗОК и вбр на АРМ, претставници од општината Петровец и други.

Полагањето на венци со свежо цвеќе пред командата на вбр во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец ќе започне во 10.40 часот, а на  Катлановско Блаце во 12.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top