| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистанци со голем протест го прославија убиството на француските карикатуристи

Стотици Авганистанци се собраа на југот од земјата оддавајќи им почит на браќата Шериф и Саид Куаши, кои ги сметаат за херои затоа што убија 12 лица во нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо’, соопштија денеска авганистанските власти.

На протестите кои се одржале во покраината Урузган, било демонстрирано и противење кон претседателот Ашраф Гани кој го осуди нападот во Париз, пренесуваат француските медиуми.

Протесите биле одржани после молитва во една џамија.

-Демонстрантите ги нарекуваа напаѓачите херои. Извикуваа дека тоа го заслужиле бидејќи го исмевале пророкот Мухамед и затоа се казнети – изјавил шефот на локалната полиција.

Авганистанското општество е длабоко конзервативно од верска гледна точка и после 13 години од падот на фундаменталниот талибански режим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top