| четврток, 6 декември 2018 |

Во воз откриени 31 илегалец

илегалциМакедонските цариници на  железничката станица во Гевгелија открија 31 илегалец во меѓународен товарен воз.

Илегалците се откриени синоќа на железничката станица во Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција – Австрија. Дваесет од нив биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 во надворешниот дел на два вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери.

Според нивните изјави, илегалците биле државјани на Египет, Мали, Сирија, Авганистан и на Пакистан, а намера им била да стигнат во внатрешноста на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top