Мажите сакаат месо, а жените слатки… Ова се едни од најголемите стереотипи за кои се заслужни маркетиншките трикови, велат стручњаците.
Во повеќето реклами чоколадото се прикажува како женско задоволство, па жените го консумираат затоа што едноставно не може да му одолеат.
Спротивно на ова, следат машките реклами во кои припадниците на посилниот пол подготвуваат скара или јадат некој сендвич со преработено месо.
Зошто и како настанала оваа поделба?
Изненадувачки, но стручњаците тврдат дека храната која ја јадеме е одраз на перцепцијата која ја имаме за себе.
Така, во „машките“ реклами главни ликови се силните, мусклулести, атлетски градени мажи, па мажите кои сакаат да се чувствуваат така многу поголема е веројатноста дека ќе јадат храна која е прикажана како машка, наместо да посегнат по коцка чоколадо која ја јадат нежни девојки.
Но, дали навистина жените уживаат повеќе од мажите?
Вистина е дека дамите најчесто јадат чоколадо за време на ПМС. Иако стручњаците тврдат дека во чоколадото нема никакви хранливи вредности кои им недостасуваат на жените кога се во ПМС, тие го консумираат во големи количини.
Од друга страна пак, се верува дека тоа се општо наметнатите мислења од типот „чоколадото ми помага да се изборам со негативните емоции како стрес, главоболка и слично“.
Уште една причина е природната предодреденост на жените да им се допаѓаат слатки вкусови, додека кај мажите истото се случува со малку погорчливите пијалаци и оброци.
„Храната ја користиме за на некој начин да им судиме на луѓето,“ заклучува докторката Џулија Хормс.
„Природно ни е да ги етикетираме луѓето, па ако би имале повеќе информации тогаш би било поинаку. Но, до тогаш храната изгледа ќе ја делиме на машка и женска.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.