Лилиан Лепер повеќе од 6 часа се наоѓал на само неколку метри од браќата Куачи, а неговите информации кои ги испраќал преку смс пораки биле од непроценлива вредност за полицијата.
Браќата Куачи, терористите кои во средата убија 12 лица кога упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, вчера беа опколени од страна на полицијата на само 30 километри од Париз.
Во речиси целодневната драма, браќата држеа заложник во печатницата во која се криеја, а сепак не биле свесни дека на само неколку метри од нив се наоѓа човек кој цело време праќа информации на полицијата.
Тоа бил Лилиан Лепер (27) графички дизајнер вработен во печатницата, кој во моментот на упадот на терористите се сокрил во картонска кутија и од таму постојано праќал пораки на полицијата, со значајни информации за терористите, за нивното расположение, разговори, позиција како и за нивниот изглед.
Првата порака ја испратил на неговиот татко откако успеал да побегне и да се сокрие.
„ Скриен сум на првиот кат. Мислам дека сите ги убија. Извести ја полицијата“, напишал младиот дизајнер во пораката до неговиот татко.
Кога заложничката драма конечно завршила, би пренесен во билница, а поради доживеаниот стрес на Лепер му била пружена психолошка помош. Откако било утврдено дека нема никакви повреди, бил ослободен да му се придружи на своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Ја продадовте државата, па сега славите – граѓаните со порака до Владата и изведувачите
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот