Македонија да стапи во антитерористички сојуз со балканските земји, но и да соработува со големите светски сили, Русија, Кина, Франција, Германија, Италија и други, препорачува угледниот американски аналитичар Умберто Паскали.
Ваквиот совет на Паскали следи по крвавата драма во Париз, која според него, треба да се гледа како реакција на предлогот на Франсоа Оланд да се стави крај на судирот помеѓу Европа и Русија и да се укинат санкциите против Русија.
– На 4 јануари, три дена пред терористичкиот напад во Париз, Оланд имаше интервју на радио во кое го рече: „Ако Русија е во криза, тоа не значи дека е добро за Европа. Јас мислам дека е време да се прекине со санкциите веднаш. Убеден сум дека Путин нема намера да ја анексира Украина. Тој единствено не сака да ја види Украина во кампот на НАТО, нагласува американскиот аналитичар за програмата „Гласот на народот“.
Паскали смета дека сите политички лидери треба да знаат дека целта на овој терористички акт е да се предизвика страв и парализа, да се спречат одговорни и разумни луѓе да превземаат правилни и соодветни мерки за својот народ.
– Тие мораат да сфатат дека ваков напад, не е никаков знак на сила, туку дека е знак на очај и на слабост. Веројатно тие би и се заканиле и на цела Европа, но по се се чини дека Европа е изгубена за нив, односно дека е на пат на една нова независност, потенцира Паскали.
Осврнувајќи се на Македонија, американскиот експерт за приликите на Балканот вели:
– Вие, во Македонија имате среќа што имате еден државник каков што е Никола Груевски, кој има стратешки ум, морал и храброст и е во состојба да ги трансформира објективните слабости од македонската сегашност во субјективни сили. Тој е во состојба да спроведува една Голустичка политика таканаречена 360 степени тус азимутц – (tous azimuts). Тоа и дава на Македонија една улога што е многу поголема од нејзината вистинска големина. Денес, Македонија е дел од една голема регионална игра на Балканот, но и пошироко, нагласува Паскали.
Република Македонија, додава, сега веќе де факто, има постигнато сериозен степен на независност и во суштина го менува текот на еден долговечен процес на ропство спроведен од Британската империја – балканизација.
– Овој ужасен збор „балканизација“ имаше значење на распаѓање на секоја држава на се помали и помали делови кои беа лесни за манипулација и немоќни да се одбранат самите. Тоа беше екстремна верзија на политиката divide et impera (подели па владеј). Погледнете што направија со Балканот. Ја имате Турција во судир со Грција, Грција во судир со Македонија, Македонија во судир со Албанија, Хрватска наспроти Србија, Босна поделена, Косово претворено во НАТО зона, …Бугарија, Романија… Турција како bритански сојузник, мораше да биде спротивставена на Русија (основна цел на Британската геополитика), во војна со Сирија, итн, вели Паскали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


