| четврток, 6 декември 2018 |

Фото од тешката сообраќајка кај Прилеп

Четириесетиседум годишниот битолчанец М.Г. загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 17.40 на магистралниот пат Прилеп–Битола во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“.

1

До сообраќајката дошло откако при директен судир на патничко возило „опел астра“ со битолски регистерски таблички и на товарно возило со скопска регистрација, во која загина возачот на „опелот“.

Лекарите од итната помош само ја констатираа смртта на возачот на патничкото возило со битолски регистерски таблички. Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа. Наредена е обдукција на починатиот – изјави Дамчо Кочоски, заменик основен јавен обвинител кој заедно со полицијата направи увид на местото на несреќата.

3

 

Уште една сообраќајка се случила само по час и половина на истиот патен правец.  Во директен судар на две возила кои се движеле едно по друго во ист правец полесно е повредено едно лице.

– Жената со иницијали К.М на возраст од 47 години од Прилеп има набиеници и нема некои сериозни повреди. Се наоѓа на лекување на хируршкото одделение во Прилепската болница, информира Гоце Јонзоски началник на Службата за итна медицинска помош од Прилеп.

ФОТО: Вечер (Љупче М.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top