| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо дебата, маратонска пауза

Денот предвиден за собраниска дебата за пакетот закони во образованието, помина во долги паузи и препукувања.

Матичната комисија успеа да помине само 4 од предвидените осум точки и да расправа за само неколку од вкупно 150 поднесени амандмани.

Прифатени беа во второ читање измените на законите за основно и за средно образование, а министерот Адеми не прифати два амандмана на пратеничката група на ДПА кои се однесуваа на учество на меѓународни натпревари на ученици. Тие побараа натпреварите да важат за сите наставни предмети, а не само за математика и природни науки и да се зголеми износот за прва, втора и трета награда.

Откако по не најавената пауза од 4 часа, пратениците се вратија во собраниските клупи, но расправата повторно заглави овој пат на амандманот на ДПА кои побараа во сите образовани закони, во коишто се предлага формирање комисии или совети, да важи начелото за правична застапеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top