| четврток, 6 декември 2018 |

Соросовите платеници заеднички против „пленумците“

Дека поделеноста и неединството се сѐ уште актуелни во СДСМ покажува самата битка меѓу главните поддржувачи на опозицијата. Главните пера на проопозициските медиуми финансирани од СОРОС се во војна која трае. Дебатата и навредите упатени еден кон друг не се ништо ново. Чудо е кога тие ќе застанат на иста страна и ќе бранат исти став, без разлика на кое крило на опозицијата. Е се случи и тоа. Единствено нешто во кое се согласија е ударот врз „Професорскиот пленум“. Застанаа против оние кои постојано ги штитеа, бранеа, промовираа. Во понеделникот двајцата истурени играчи на опозицијата, Саше Ивановски-Политико и Бранко Геровски, упатија критики до „Професорскиот пленум“, со што се разобличија нивните намери. Политико, чијашто дрскост ги надминува сите норми на политичко или какво било еснафско однесување во неговите напади врз власта, оцени дека ова е „голема победа на Груевски, кој со два-три потези за неколку часа ги сотре студентите и професорите, а овие тотално се лизнаа на кора од банана“.

maktel

„Не ми се верува што се случи денеска! Грујо во негов познат стил кој е негов заштитен знак, влета лично на пресот на професорите како нинџа и пред цела јавност понизно ги замоли да дојдат на дебата и овие тотално се збркаа и УЦВИКАА?! Он почна да ги моли, дури прифати да дебатираат и во собрание и овие прво прифатија ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИЈА?!?! У је*оте, каков автогол, ова беше тотално неочекувано!“, напиша Ивановски.

„Грујо ги фати на препад и студентите и професорите и им влезе дирек со мајагери и овие се разбегаа како да го виделе Луцифер у Борат жута танга! Се избламираа пред цела јавност, како сега ќе убедат некого дека никој не сака да ги слушне, дека биле игнориани, дека сме имале режим кој бега од дебата кога премиерот лично ЕЕЕЈ ЛИЧНО ИМ УКАЖА ЧЕСТ И ГИ МОЛЕШЕ на скали да дебатираат?! Требаше да знаат дека со неприфаќањето на таа покана тие се самоубиваат пред македонската јавност! КРАЈ ГОТОВО Е СО НИВ!“, пишува Ивановски.

Тој посочува дека професорите требало да влезат на дебата, да побараат камерите да снимаат цело време, под никој случај да не се дозволи да се дебатира зад затворени врати.

На крај од текстот, и Ивановски посочува дека „симнува капа“ пред Груевски, но и додава „уште неколку вакви потези и јас земам книшка на ДПМНЕ, ова веќе не се трпи…“.

gero-520x428Бранко Героски „му симна капа“ на премиерот Никола Груевски. Откако „Професорскиот пленум“ прифати, па не дојде на дебата, Героски го објави овој статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ на која констатира дека со вакви професори Груевски е брилијантен.

Претходно, Героски преку социјалните мрежи оцени 5:0 за Груевски. Од дебатата пак меѓу власта и универзитетските претставници, професори и ректори, Героски повторно со пофалби до Груевски.
Доколку ваквите оценки доаѓаат од најголемите критичари на власта, тогаш демаскирањето на сето она што беше затскриено зад професорското неприфаќање на реформите излезе на виделина дека е чисто политикантство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top