| четврток, 6 декември 2018 |

Клучна тема – економскиот развоj

Но­ва­ва 2015 го­ди­на не е пре­стап­на. Не е ни­ту из­бор­на. Из­бо­ри­те оста­наа во 2014 го­ди­на. Се чи­ни, та­му оста­на и опо­зи­ци­ја­та, што оста­ва мож­ност за де­лум­но по­вто­ру­ва­ње на тој про­цес, та­му ка­де што ги из­не­ве­ри сво­и­те под­др­жу­ва­чи. Во го­ди­на­ва „вле­гоа“ и пре­диз­ви­ци­те со кои ја ис­пра­тив­ме ста­ра­та - ре­фор­ми­те во обра­зо­ва­ни­е­то, ин­ве­сти­ци­и­те, ин­те­гра­ци­и­те. А се­то тоа е дел од глав­на­та опре­дел­ба на вла­ста - еко­ном­ски­от раз­вој

Ка­лен­дар­ски поч­на но­во пог­лав­је, но­ви стра­ни­ци пол­ни со на­де­жи и со оче­ку­ва­ња. На­ви­сти­на е те­шко во це­лост да се пред­ви­ди ка­ко ќе се од­ви­ва­ат овие 360 де­но­ви што сле­ду­ва­ат, што ќе се ис­пол­ни од оче­ку­ва­но­то, кол­ку и кол­ка­ви из­не­на­ду­ва­ња ќе до­не­сат. По пра­ви­ло, пос­лед­ни­ве го­ди­ни тоа што се пре­не­су­ва ка­ко то­вар пре­ку но­во­го­диш­ни­от праг со си­гур­ност го опре­де­лу­ва ба­рем пр­во­то три­ме­сеч­је од го­ди­на­та. Пред сѐ, по­ли­тич­ки­те (не)ре­ла­ции, ефе­кти­те од пред­ло­же­ни­те ре­фор­ми во си­те сфе­ри на обра­зо­ва­ни­е­то, по­на­та­му за­фа­ти­те во пог­лед на здрав­стве­но­то оси­гу­ру­ва­ње на хо­но­рар­ци­те.

Во оваа го­ди­на се пре­не­се и, мо­же­би, нај­а­кут­ни­от проб­лем на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка – ина­е­те­ње­то. Но­ва­ва 2015 го­ди­на не е пре­стап­на, не е ни­ту из­бор­на. Из­бо­ри­те оста­наа во 2014 го­ди­на, но отка­ко опо­зи­ци­ја­та оста­на заг­ла­ве­на во вре­ме­то, оста­ну­ва да ви­си оп­ци­ја­та за по­вто­ру­ва­ње на тој про­цес. Ба­рем пар­ци­јал­но, та­му ка­де што ги из­не­ве­ри сво­и­те под­др­жу­ва­чи. Евен­ту­ал­но­то од­зе­ма­ње на ман­да­ти­те, ка­ко и про­це­сот за ефе­кту­и­ра­ње на пра­те­ни­ци­те, оваа го­ди­на ќе до­би­јат про­дол­же­ние во Со­бра­ни­е­то.

Во по­че­то­кот на го­ди­на­ва се оче­ку­ва ре­зул­тат од два­та за­фа­та, кои беа бур­но до­че­ка­ни. Ре­фор­ми­те во обра­зо­ва­ни­е­то и ре­фор­ма­та со ко­ја и хо­но­рар­ни­те со­ра­бот­ни­ци ќе дво­јат за здрав­ство­то. Се­то тоа не мо­же да се гле­да изо­ли­ра­но од „бом­ба­стич­на­та“ ат­мо­сфе­ра што ја кре­и­раа ли­де­ри­те на СДСМ. Но, се­пак, се­то тоа е да­ле­ку од тоа што се нај­а­ву­ва­ше. Зна­чи, се пре­не­се и оче­ку­ва­ње­то, кое ка­ко влог го зе­де це­ли­от опо­зи­ци­ски кре­ди­би­ли­тет. И пов­ле­ку­ва­ње до­кол­ку не ус­пее да ја сме­ни вла­ста. Мо­же­би, но са­мо мо­же­би, опо­зи­ци­ја­та го­ди­на­ва гле­да на­деж во нај­а­ва­та на вла­ста де­ка и за сме­тка на по­ли­тич­ки по­е­ни, ре­фор­ми­те ќе се ефе­кту­и­ра­ат. Но, по­ли­ти­ко­ло­гот проф. Жи­дас Да­ска­лов­ски во тоа не пре­поз­на­ва пред­ност на опо­зи­ци­ја­та.

– Не­про­ду­ктив­ни и бе­ско­рис­ни се си­те бом­би што се нај­а­ву­ва­ат од СДСМ пред­во­ден од За­ев. Си­те по­греш­ни по­те­зи и не­за­до­волс­тво на гра­ѓа­ни­те со одре­де­ни по­те­зи на вла­ста, СДСМ не умее да ги ефе­кту­и­ра на свое кон­то, ме­ѓу дру­го­то и по­ра­ди ре­то­ри­ка­та што ја упо­тре­бу­ва и не­ма­ње­то јас­на прет­ста­ва на гра­ѓа­ни­те зо­што СДСМ е ал­тер­на­ти­ва на ВМРО-ДПМНЕ, т.е. ка­ко тие би до­не­ле по­до­бра ид­ни­на за зем­ја­та нас­про­ти вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја – сме­та Да­ска­лов­ски.

– Ре­фор­ми­те во да­ноч­на­та и во обра­зов­на­та сфе­ра ќе се спро­ве­дат и по­крај про­те­сти­те и не­го­ду­ва­ња­та кај дел од јав­но­ста. Со тек на вре­ме­то овие те­ми ќе би­дат за­ме­не­ти со дру­ги, по­а­кту­ел­ни. Про­те­сти­те ќе про­дол­жат во оваа или слич­на фор­ма, но не­ма да би­дат глав­на те­ма – до­да­ва Да­ска­лов­ски.

Се чи­ни де­ка нај­из­вес­ни се про­це­си­те што се и глав­ни­те опре­дел­би на оваа власт – ин­ве­сти­ци­ски­те и евро­ин­те­гра­тив­ни­те про­це­си. Но тие, ра­ка на ср­це, се по­ве­ќе или по­мал­ку по­лес­ни за пред­ви­ду­ва­ње. Осо­бе­но што по приз­на­ва­ње­то од Бри­сел за за­мо­ре­ност, а грч­ка­та со­пи­рач­ка вле­гу­ва во втор план, мо­же да се оче­ку­ва де­ка еко­ном­ски­от раз­вој би мо­жел да ја кут­не ви­со­ка­та под­др­шка на евро­ин­те­гра­ци­и­те, осо­бе­но таа да се вле­зе во ЕУ „по се­ко­ја це­на“. Ко­га на те­рен се ефе­кту­и­ра­ат си­те вра­бо­ту­ва­ња во охрид­ско-стру­шки­от ре­ги­он, по­тоа во ку­ма­нов­ско-кри­во­па­ла­неч­ки­от, вклу­чи­тел­но со ин­фра­стру­ктур­ни­те за­фа­ти, то­гаш, ка­ко што ве­ли Да­ска­лов­ски, ќе се сме­ни и пер­цеп­ци­ја­та за проб­ле­ми­те.

– Евро­ин­те­гра­ци­и­те по­втор­но ќе би­дат за­мрз­на­ти по­ра­ди грч­ко­то про­ти­ве­ње за по­че­ток на пре­го­во­ри, а при­стап­ни­от ди­ја­лог на ви­со­ко ни­во ве­ќе не­ма ни смис­ла, ни иде­ја зо­што да се спро­ве­ду­ва.  Евен­ту­ал­на но­ва кри­за во Гр­ци­ја во од­но­си­те со Бри­сел по по­бе­да на Си­ри­за на пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри би мо­же­ло да да­де не­ка­ква на­деж за Ма­ке­до­ни­ја за не­ка­кво по­мрд­ну­ва­ње, но по­стои ма­ла ве­ро­јат­ност да се слу­чи тоа и прет­по­ста­ву­ва ре­ши­тел­ност на Бер­лин, Ва­шин­гтон и на Бри­сел да се ста­би­ли­зи­ра це­ли­от ре­ги­он со про­дор во ин­те­гра­ци­и­те и на Ма­ке­до­ни­ја и на Бос­на и Хер­це­го­ви­на и на Ср­би­ја и на Ко­со­во. За­тоа, еко­ном­ски­от раз­вој, ин­ве­сти­ци­и­те и на­ма­лу­ва­ње­то на не­вра­бо­те­но­ста ќе би­дат клуч­ни те­ми за вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја и го­ди­на­ва, а ус­пе­си­те на ова по­ле са­мо ќе ја за­си­лат нив­на­та по­зи­ци­ја во од­нос на дру­ги­те пар­тии – сме­та Да­ска­лов­ски.

Ме­ѓу­ет­нич­ки­те ре­ла­ции, кои ла­ни беа ста­ве­ни на тест по­ра­ди ра­ди­кал­ни еле­мен­ти и на­ци­о­на­ли­стич­ки стра­сти, се чи­ни де­ка ќе блед­не­ат. Пр­венс­тве­но, за­ра­ди по­до­бре­на­та еко­ном­ска сли­ка, но и ка­ко ре­зул­тат на пре­циз­но­то фор­му­ли­ра­ње на проб­ле­мот, кој не мо­же­ше да се изо­ста­ви од гло­бал­ни­от тренд на спре­чу­ва­ње на ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам. За­тоа, си­те лан­ски фо­то­гра­фии од улич­ни­те со­би­ри не­ма да пре­не­сат не­ка­ков по­се­ри­о­зен ефект врз ста­бил­но­ста на др­жа­ва­та во оваа го­ди­на.

Се­то ова го­во­ри де­ка глав­на ка­ра­кте­ри­сти­ка на де­но­ви­те што до­а­ѓа­ат ќе би­де еко­но­ми­ја­та. Во фор­ма на ин­ве­сти­ции, во фор­ма на ин­фра­стру­кту­ра, во фор­ма на кре­и­ра­ње па­зар на труд по ме­ра на ин­ве­сти­то­ри­те, во фор­ма на на­ма­лу­ва­ње на си­ва­та еко­но­ми­ја, па и во фор­ма на со­жи­вот. Се­ка­ко, таа ана­ли­за спа­ѓа во до­ме­нот на еко­но­ми­ја­та, а тоа е со­се­ма по­и­на­кво по­ле. Но, и во овој обид за по­ли­тич­ко оп­штес­тве­но пред­ви­ду­ва­ње на 2015 го­ди­на е не­из­беж­но да се наг­ла­си, би­деј­ќи ток­му еко­ном­ски­те ре­форм­ски за­фа­ти ја опре­де­лу­ва­ат под­др­шка­та во ко­ја ужи­ва вла­де­јач­ко­то мно­зинс­тво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top