| четврток, 6 декември 2018 |

Опколените терористи ѝ порачале на полицијата: Сакаме да умреме како маченици!

Портпаролот на француската полиција, Пјер Анри Брандет, рече дека во моментов не станува збор за напад, туку дека во тек се преговори.

– Преговарачите ја вршат својата работа, не станува збор за напад – рече Брандет.

10407415_792433224162669_5665016389734856493_n

Полицијата стапи во контакт со терористите, кои ѝ порачале дека сакаат да умрат како маченици.

– Четири лица кое беа ранети во терористичкиот напад се наоѓаат во критична состојба, но ќе преживеат – рече министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.

10934002_792433227496002_70190390540401701_n

Тој рече дека состојбата на ранетите лица е мошне сериозна, но дека животот не им е загрозен.

Уште седум лица кои се здобија со полесни повреди денеска ја напуштија болницата, додаде министерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top