| четврток, 6 декември 2018 |

Монс – европска престолнина на културата за 2015 година

Монс има само 90 илјади жители и со тоа се вбројува меѓу најмалите градови кои биле избрани за европски културни престолнини. Реновирани се повеќе градби од 16. и 17. век, улиците поплочени, големиот плоштад е дотеран

mons

Белгискиот град Монс и чешкиот Плзен оваа година се европски културни престолнини, а како што пишува „Дојче веле“, Монс вложи многу пари за да се претстави во најдобро светло.

Во Монс, кој веќе со години сонува да стане европска престолнина на културата се изградени пет нови музеи и една концертна сала. Монс сака да биде престолнина во која културата се чува, но и се создава нова, објаснува шефот на фондацијата, Ив Васер.

Монс има само 90 илјади жители и со тоа се вбројува меѓу најмалите градови кои биле избрани за европски културни престолнини. Реновирани се повеќе градби од 16 и 17 век, улиците поплочени, големиот плоштад е дотеран.

Монс и околината во минатото биле познати по рудниците на јаглен. Во градот на некои важни места има по неколку реченици за поетот Пол Верлен, кој тука бил во затвор, потоа за сликарот Ван Гог, кој како свештеник работел во рудникот за јаглен, како и Орландо ди Лас, ренесансен композитор. Овој град за културни манифестации на располагање има повеќе од 68 милиони евра. Планирани се околу 300 настани, од кои 20 големи изложби, меѓу кои и една посветена на Ван Гог. Напролет се отвораат пет нови музеи, а во есен сѐ е посветено на ренесансните уметници.

Културните манифестации во Монс официјално почнуваат на 24 јануари и ќе се движат меѓу Ван Гог и модерната, светска културна оставштивна и современата архитектура, хорско пеење и поп-музика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top