Двете екипи од ЛА победија во минатата НБА ноќ, но разликата меѓу клубовите што играат во Стејплс центарот останува огромна на средина од шампионатот. Клиперси за изедначување по број на триумфи, 30, со водечката Оклахома славеа во Хјустон 117-99 (Крофорд 30-Харден 23) и се втори според вкупниот биланс, па делуваат како сериозен кандидат и за титулата, а Лејкерси дома беа подобри од Милвоки со 104-88 (Брајант и Хауард по 31п), но тие се се уште многу далеку од плеј офот и моментно се десетти на западот.
Во другите утрински мечеви во НБА уште две домашни победи: Бруклин со Торонто 113-106 (Лопез 22-Лоури 21) и Денвер во продолжение против Портланд 115-111 (Галинари 25-Олдриџ 28) и уште толку гостински успеси: Индијана во Шарлот 103-76 (Хиберт 18-Хендерсен 15), а Њу Орлеанс кај Филаделфија 111-99 (Васкез 23-Холидеј 29).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.