
Македонскиот ПЕН-центар, како дел од Меѓународниот ПЕН, го осуди нападот врз новинарската екипа на весникот „Шарли ебдо“ во Париз и изрази згрозување од овој чин.
– Изразуваме уверување дека овој настан претставува само мотив повеќе за сплотеност и истрајност во основните принципи на ПЕН. Во овој миг како никогаш порано треба да покажеме дека ваквите насилнички акти нема да нè поколебаат во меѓусебната поддршка за развојот на демократските принципи во светот“, се вели во соопштението од Македонскиот ПЕН-центар.
Оттаму апелираат конфликтите и недоразбирањата во светот, особено оние во кои се вмешани писатели и новинари, да се решаваат преку дијалог, како што прилега на демократските достоинства на нашата цивилизација, а не со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кенија, „Шaрли ебдо“ и двојниот аршин на светските медиуми
-
Македонскиот ПЕН центар ќе го одбележи Меѓународниот ден на писатели во затвор
-
Порака од Маџиров во име на ПЕН-центарот по повод Светскиот ден на културна разноликост: Различноста и личноста
-
„Зборот и слободата“, тема на регионалната конференција на Македонскиот ПЕН


