Вчера во кошаркарската Евролига се одиграа четири натпревари од второто коло во фазата Топ 16 по групи.
Четири домашни победи остварија фаворитите за понатамошен пласман и за самиот европски трон.
Макаби без поголеми проблеми ѝ го нанесе на Црвена звезда најголемиот пораз оваа сезона од 11 разлика (78-67).
Во текот на целиот натпревар гостите од Белград беа рамноправен противник, а израелската гордост го скрши отпорот дури во последниот период, кога ја направи оваа двоцифрена разлика.
Најефикасен на натпреварот беше играчот на Црвена звезда, Никола Калиниќ, со 18 поени, но немаше поддршка од своите соиграчи за сензација во Тел Авив.
Најдобри во домашната екипа беа Рендл со 16 и познатиот Дебелко, Гркот Скорцијанитис, со 15 поени.
Во останатите натпревари ЦСКА беше супериорна против Лаборал Куча и славеше победа со 99-90. Иако разултатот не го кажува тоа, предноста на московјаните во еден период од втората четвртина изнесуваше и 20 коша, по што дојде до отпуштање кај домашните кошаркари. Сони Вимс и Милош Теодосиќ беа предводници на ЦСКА со 22, односно 18 поени.
Олимпијакос го декласираше тимот на Армани Милано со 81-58, додека Реал Мадрид продолжи со низата победи овојпат против Галатасарај на домашен терен од 93-78.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)