| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата ќе „падне“ на 20 долари за барел?

nafta1Сировата нафта од типот Брент падна на 50,47 долари за барел, додека американската нафта паднала на 47,27 долари, што е најниско ниво од април 2009 година. Не се очекува враќање на цената во краток рок, бидејќи произведувачите на нафта од шкрилци веројатно до средината на оваа година нема да го намалат производството. Исто така, директори на ОПЕК одбиле да го намалат производството во цел поддршка на растот на цената на сировата нафта.

Нобовуки Накахра, поранешниот директор на нафтена компанија и поранешен член на одборот на Централната банка во Јапонија во изјава за Ројтерс наведува дека очекува понатамошен пад на цените.

-Цена над 100 долари е абнормално висока. Цената на нафтата веројатно и понатаму ќе паѓа поради бавниот раст на кинеската економија, и затоа цената  над 100 долари беше абнормално висока. Не би ме чудело цените на нафтата да паднат на 20 долари. Се работи едноставно за однос на понудата и побарувачката. Постои граница до која нафтата може да расте, бидејќи високите цени на нафтата го забавуваат економскиот раст – појаснува Накахара.

Ниските цени се резултат на зголемена понуда, додека истовремено побарувачката е во пад, посебно во Европа која уште бара излез од кризата, т.е Кина и Јапонија каде економскиот раст се забавува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top