| четврток, 6 декември 2018 |

Милион евра фалсификувани банкноти

Note GuiltyИталијанската полиција заплени повеќе од милион евра фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра кои требало да бидат пуштени во оптек. Притоа се уапсени пет луѓе, соопшти полицијата.

Лажните 1.012.800 евра откриени се јужно од Неапол. Уапсени се три лица кои ги печателе банкнотите, како и двајца браќа за кои се верува дека се организатори на фалсификувањето.

Италијанската полиција во септември предупреди дека повеќе од 50 отсто од сите лажни банкноти во еврозоната се со потекло од областа Неапол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top