Следниот број на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ ќе биде испечатен во еден милион примероци наместо вообичаените 60.000. Се очекува да се појави на киосците в среда.
Според адвокатот на весникот Ричард Малка, изданието ќе има осум страници наместо 16 како што беше досега. Помош за „Шарли ебдо“ ќе укажат весникот Монд и Канал плус, како и од весникот Либерасион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.