
Во Охрид привршуваат подготовките за одбележување на празникот Богојављение – Водици, на 19 јануари, како и за Денот на рибарите – наредниот ден.
Организатор на манифестацијата е здружението „Богојавление“, заедно со локалната самоуправа, донатори и други помагатели.
Се вклучија и охридските хотели и угостители, кои понудија дисконтни цени на аранжманите во сместувањето и на другите услуги. Охрид за Водици годинава очекува рекорден број посетители.
Овојпат празнувањето ќе трае четири дена, а ќе биде збогатено со концерт на македонската поп-дива Каролина.
Традиционалната рибја чорба за денот на рибарите, 20 јануари, годинава ја подготвува хотел-ресторанот „Тино“. Оттаму велат дека со задоволство се приклучиле во одбележувањето на богојавленските празници, меѓу другото, и поради кумовите Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


