Мнозинството Германци сметаат дека на исламот не му е местото во западниот свет и повеќето од половина од анкетираните оваа религија ја гледаат како закана, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење, објавени денеска.
Во истражувањето што беше направено во ноември, многу пред нападот во средата во Париз врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12, а ранети 11 лица, 61 отсто од анкетираните Германци што не се муслимани, рекле дека на исламот не му е местото на Западот.
Повеќе од половината, односно 57 отсто, рекле дека чувствуваат закана од исламот, 40 отсто од испитаниците рекле дека се чувствуваат како „странци во сопствената држава“ заради присуството на муслиманите, додека дури 24 отсто сметаат дека на муслиманите треба да им се забрани да се доселуваат во Германија.
Во Германија живеат околу четири милиони муслимани, а околу три четвртини се со турско потекло. Германија има вкупно 80 милиони жители.
Анкетата ја направи TНС Емнид, независен институт за испитување на јавното мислење, врз примерок од 937 Германци што не се муслимани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поранешното момче пет месеци ѝ се заканувало дека ќе ја убие
-
Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)


