| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец принудувал малолетник на орален секс, за тоа му ветил „ајфон“

Дваесет и петгодишниот И.И. од Охрид заработи триесет дена притвор и кривична пријава за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

Во почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен профил на „Фејсбук“ – „Kikolo Giko“, по што воспоставил контакт со 13-годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си размениле и телефонски броеви.

По неколку дена, оштетениот малолетник и пријавениот во телефонски разговор се договориле кога и каде лично да се запознаат. Нивната средба се случила кога оштетениот по училишните часови пристигнал пред куќата и заедно се упатиле на третиот кат.

Тука, сега притворениот И.И. се обидел со убави зборови да го одоброволи малолетникот на орален чин, а потоа му упатил заканителни зборови и го принудил да го стори тоа. По кратко време, на ист начин сега притворениот И.И. извршил полово дејство врз оштетеното малолетно лице. Со ветување дека ќе му даде мобилен телефон, притворениот И.И. до 25 декември минатата година остварил уште неколку исти средби со малолетното лице.

По пријава од мајката на малолетникот и во нејзино присуство, СВР Охрид во консултација со основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи изврши разговор со оштетениот малолетник и неговите законски застапници.

СВР Охрид изврши претрес во неговиот дом од каде што се одземени повеќе предмети, а на 5 овој месец е извршено препознавање на сега притворениот И.И.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top