| четврток, 6 декември 2018 |

В понеделник горивата пак ќе поевтинат

бензин

Цената на нафтата продолжува да паѓа. Европскиот „брент“ падна под психолошката граница од 50 долари. Црното злато двојно поевтини, поради превисоката понуда и забавувањето на порастот на главните светски економии. Пониски малопродажни цени на нафтата и на горивата од понеделник може да очекуваат и македонските граѓани, кога се очекува Регулаторната комисија да излезе со ново соопштение за новите цени на горивата. Засега не може точно да се каже за колку ќе поевтинат горивата, но благодарение на падот на цената на црното злато на светските берзи, што би требало да донесе поголем пад на цената и кај нас.

Во моментов во Македонија цената на горивата е меѓу најниските во последните неколку години. Така цената на евросупер БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на евросупер БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на евродизел (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top