| четврток, 6 декември 2018 |

На „Богородица“ со злато во чорапи

злато во чорапи

Македонските царинските службеници вчера привремено задржале 46 парчиња златен накит на граничниот премин „Богородица“. При контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки и личен претрес на возачот, македонски државјанин, биле откриени 46 парчиња златен накит (синџирчиња, прстени, приврзоци, обетки и нараквици), со вкупна тежина од 131 грам и вредност од околу 185 илјади денари. Непријавената стока била сокриена во две кесиња, завиткани во хартија и сместени во рачна чанта, како и во чорапите и џебовите од јакната на возачот. Царинската управа ќе поднесе против возачот барање за поведување прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршоци.

злато во чорапите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top