
Вчера биле откриени 31 илегален имигрант во воз при влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, информираат од МВР.
Во групата имало државјани на Брегот на Слоновата Коска, Сирија, Мали, Сенегал, Буркина Фасо, Конго и Авганистан. Полицијата ги открила околу 21 часот во пет вагони од возот, кој сообраќал на релација од Грција кон Македонија. Со себе немале валидна документација, па полицијата ги предала на грчката полиција.
За неколку дена ова е втор обид за нелегален влез на странски државјани од Грција во Македонија. И во двата случаи илегалците биле во товарни возови со запечатени вагони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


