| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец се разнел со бомба при деактивирање (видео)

1716129-policajacЕгипетскиот полицаец, Гамал Абдел Монеим беше разнесен од бомба додека работел на деактивирање на експлозивна направа во градот Гиза. Бригадниот генерал, кој носел заштитно црно одело настрадал откако експлозивната направа му се активирала во раце, пишува британски Телеграф.

По експлозијата вознемирена маса луѓе притрчала кон местото на несреќата на кое лежело неговото безживотно тело пред бензиска пумпа во градот западно од Каиро.

Гамбел Абдел Монеим неколку месеци претходно зборувал за големите ризици во својата работа. Во август изјавил за локален весник дека во неговата професија ризикот е огромен и дека првата грешка секогаш е и последна.

Одговорност за нападот ја презела екстрмистичката група Анџан Миср, која веќе извршила неколку напади во Каиро и Гиза.

Групата сооптила дека мета на нападите биле полицајци кои се наоѓале во полициската станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top