Француската полиција идентификуваше три вооружени лица кои извршија масакр во редакцијата на сатиричниот весник Чарли Ебдо, јавуваат француските медиуми.
Напаѓачите се француски државјани, едниот има 18, вториот 32 и третиот 34 години, пишува Метро. Двајца од нив се браќа. По нив трагата полицијата со сите расположиви ресурси во и околу Париз, а се приклучи и армијата. Нивните имиња сè уште не се објавени.
За браќата се наведува дека се родени во 10 Аrrondissement (област) во Париз и се викаат Саид и Шериф Куачи. Најмладиот напаѓач, Хамид Мурад, е бездомник. Тој последен пат е забележан во училиште во Ремс академија во областа на Шарлвил Мезирес, јавува Метро.
Еден од тројцата терористи, Шериф, и е добро познат на полицијата. Во 2005 година одговарал пред Судот за регрутирање на џихадисти да се борат во Ирак. Во периодот од 2003-2005 година испратил десетици млади муслимани во смрт во Ирак, а бил уапсен во моментот кога и самиот се подготвувал да тргне во џихад. Тогаш е осуден на три години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож