
Најгласните професори кои се против реформи во високото образование класично избегаа од аргументиран дијалог, иако првично прифатија да се појават на местото кое самите го побараа, Законодавниот дом. Откако паднаа маските и на сите им стана јасно кои се всушност мотивите на Професорскиот пленум, медиумите на СОРОС и СДСМ сега со класични манипулации се обидуваат да ги “исперат“ пленумците од фијаското кое го доживеаја. Целосно неточни наслови, полувистини и полуинформации можат да се забележат на дел од опозициските медиуми кои се обидуваат да ја прикријат вистината и настанот денеска кој е од суштинска важност за мотивите на Професорскиот пленум како воопшто да не постоел.
Излезе на виделина диктатурата на оние кои секојдневно говорат за некаков “режим“ и “диктатура“. Манипулациите не можат да ја сокријат вистината и фактот дека професорите денеска избегаа од дебата, иако самите пред камери ветија дека ќе дојдат на истата на нивното посакувано место.
По неколкуминутни политички консултации, професорите си го погазија зборот, најверојатно по добиени инструкции од центарот чии интереси ги бранат и застапуваат. Откако маските паднаа, станува сосема јасно дека таканаречениот Пленум не е ништо друго, туку само инструмент на СДСМ и СОРОС, чија единствена цел е да ја поддржува политиката и агендата на слабиот и неинвентивен СДСМ, а со тоа наместо во интерес на образованието да работи за тесните политички интереси на една партија.
Веќе нема дилеми дека пленумот не сака решенија, не сака аргументиран дијалог и не сака квалитет. Бегајќи од дебата за реформите во високото образование професорите“пленумци“ го покажаа вистинското лице и за кого всушност одработуваат.
По дебаклот, опозициските медиуми сега се обидуваат да ја прикријат вистината пласирајќи класични дезинформации, манипулации и полувистини. Медиумите контролирани од СДСМ лажат дека премиерот Груевски сам си го преместил собирот, бидејќи Собранието како можна дестинација за дебатата првично го спомена токму професорката Билјана Ванковска, предлог што експресно беше прифатен од Груевски.
Ниту на Глас на Америка, ниту пак на Радио Слободна Европа не може да се прочита дека Ванковска и останатите професори сами се согласија да дојдат на дебатата во Собрание и лично на Груевски му потврдија дека ќе дојдат. Овие медиуми целосно дезинформирајќи ја јавноста сакаат да го скријат токму овој факт, дека професорите прифатија да се појават на дебатата, а потоа избегаа од истата кои самите ја бараа.
Гласот на Америка во својот текст никаде не споменува дека професорите прифатија да се појават на дебата во Собрание, туку изнесува низа невистини со тврдењето дека „Груевски самиот ја дислоцирал дебатата за државниот испит во високото образоваание“
-За време на излагањата на професорите од „Професорскиот пленум„ кои не сакаа да учествуваат на задоцнетите разговори меѓу Министерството за образование и Интеруниверзитетската конференција околу предлог-измените во Законот за високо образование кои веќе влегоа во собраниската процедура, пред хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ненадејно дошол премиерот Никола Груевски. По кус разговор со професорката Билјана Ванковска, која потенцирала дека „хотел е место за туризам а не за парламентаризам“, премиерот, тврдејќи дека Владата е отворена за дијалог, самиот ја дислоцирал дебатата за државниот испит во високото образоваание, но не во Владата, туку во парламентот, пишува Гласот на Америка во манипулативниот текст.
Ова ли е слободното новинарство на опозицијата, кога сите медиуми кои се под нејзина контрола оркестрирано и од еден центар контролирано се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Дел од нив, како на пример Нова ТВ, дури излезе и со информација дека професорите го одбиле повикот за дебата, што секако претставува врв на манипулацијата.
Покрај Професорскиот, ниту Студентскиот пленум нема алиби за бегството од дебатата, бидејќи непосредно пред нејзиниот почеток, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев јасно стави до знаење дека студентите се добредојдени на дебатата.
-Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата, и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат и да вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадоа поддршка на истите, истакна портпаролот Ѓорѓиев.
И покрај низата невистини објавени од опозициските портали, вистината не може да се скрие. Од дебата денеска избегаа оние кои секојдневно повикуваа на истата. Самите го избраа местото, првично прифатија, па по неколкуминутна политичка консултација избегаа од аргументиран дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


