| четврток, 6 декември 2018 |

Херник го загуби животот на релито „Дакар 2015“

mihail hernik
Годинешното издание на релито Дакар 2015 ја зема првата жртва. Организаторите соопштија дека полскиот мотоциклист Михал Херник го загубил животот за време на специјалот Сан Хуан – Чилесито.
Вчера во раните утрински часови организаторите го изгубиле  сигналот од возилото на Херник и откако тој не пристигнал на целта во предвиденото време почна потрагата по него. За жал исходот беше трагичен.
– Ќе спроведеме истрага за причините на несреќата, но можеме да кажеме дека на неговото тело немаше траги од видливи повреди, се вели во соопштението на организаторите на Дакар“.
39-годишниот Полјак две години се подготвуваше за својот дебитантски настап на најопасното светско рели.
Ова е вкупно 24 жртва на учесник на релито од 1979 година наваму. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top