Советите низ експертизата на големиот советски инспиратор и идеолог, Лав Троцки за македонското прашање имаа дотогаш најправично изграден став, далеку поправичен и од оној на Вудроу Вилсон, кој на Версајската конференција од 1919 година гледаше на Македонија како на протекторат во границите од времето пред поделбата на три дела (помеѓу Грција, Србија и Бугарија), за која најзаслужни беа нашите, веќе традиционални непријатели, Британија и Франција. Значи, советскиот став беше – целосна, неподелена македонска држава како дел од светскиот сојуз на социјалистички држави. Извонредна опција за нас, Македонците, ако се изземе идеолошкиот предконтекст. Но историјата е суров процес, а токму од оние, од кои требаше да дојде поддршката, и на комунизмот како светски процес, и на македонскиот народ кој верно се бореше против нацизмот, дојде едно подмолно и неочекувано предавство.
Така титовото – не, придонесе за раслабување на сталиновите планови за ослободување на Балканот, Европа и светот од империјализмот, а македонската борба во Беломорието ја искомпромитира до пропаѓање. Ете ви го тоа судбоносно „не“ на превртливиот Маршал, кого го љубевте со целата безумност на вашиот наивен и игнорантски сензибилитет.
Со тоа фамозно титово – не, граѓанската војна во Егејска Македонија заврши катастрофално по нас, Македонците. Англоамериканците набрзина станаа сојузници на довчерашните нивни непријатели – грчките монархофашисти и заедно со нив удрија по демократските сили на грчкиот народ, а посебно тој удар беше стравотно жесток по нашите македонски борци, чија борба беше и праведна и оправдана од историски, но и од општествен аспект.
А сега, што би било, кога би било – каков би бил епилогот кога би изостанало тоа дијаболичко (за македонското прашање) титово „не“ по Македонија, по Балканот и по светот?
Со сета почит кон љубителите на титовите лик и дело, кога овој превртливец во политиката би имал цврст и издржан став во однос на идеологијата што ја застапувал (а беше, во суштина комунистички диктатор), тогаш Црвената армија би избила на северната грчка граница и тоа на потегот – Бугарија, Југославија, Албанија.
Ниту во лудило Англоамериканците не би повеле војна против ваква сила. Тие дремеа како инфериорни мисири без било каква акција против Рајхот, сè до победите на Црвената армија кај Сталинград, а посебно нешто подоцна кај Курск – најголемата битка во историјата на светот, кога Русите ги здробија Германците, им го скршија рбетот и им го наговестија страшниот пораз кој ќе уследи за некоја година. По овие сознанија од теренот Англоамериканците конечно се помрднаа од мртвата точка со своите ангажмани во северна Африка, каде корпусот на Ромел со триесетина илјади војници водеше релативно успешна војна со околу пола милион Англоамериканци. Настрана фактот, што против Црвената армија беа ангажирани 95% од силите на Вермахтот и нивните сојузници, но залудно.
Од друга страна, Советите 1948 година веќе ја имаа атомската бомба, така што плановите на американскиот генерал Мак Артур, со кординирани атомски удари да го уништи комунизмот во Кина и СССР, беа чиста инфантилна фантазија. Затоа и беше под итно сменет од американскиот претседател Хари Труман, кога овој последниов дозна за лудите планови на главниот командант на пацифичките сили.
Така, со ваква констелација на силите на теренот, монархофашистите би ја загубиле војната во Грција, Англоамериканците би се повлекле во Италија и северна Африка, Советите би избиле на југоисточниот Медитеран, а Македонија би станала обединета, неразделена советска република, како и сите други социјалистички држави во светот, спремна да се бори за социјални и народни права против белосветскиот империјализам.
А како нештата би се одвивале понатака, тоа само спекулативната историја може да ви го предочи.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст