Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, на места со остатоци од снег по коловозите. Како што соопшти АМСМ, поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.