| четврток, 6 декември 2018 |

Трета година по ред на Сљеме победник е Марсел Хиршер

Освојувачот на „Сребрената лисица“ на натпреварувањето во Сљеме кај Загреб и оваа година е Австриецот Марсел Хиршер со вкупно време од 1:55,96 минути. Ова е 15. победа во слаломските трки во кариерата за Хиршер и се доближи на само четири бода од првото место за пласманот во малиот кристален глобус во дисциплината слалом зад Германецот Феликс Нојројтер кој има 320 бода.
На второто и третото место во Загреб се пласираа токму Нојројтер кој заостана 81 стотинка, и Себастијан Солевег со време од 1:57,00.

FIS Alpine Skiing World Cup

Во генералниот пласман за големиот кристален глобус од светскиот куп води денешниот победник Хиршер со 676 бода пред норвешкиот скијач Кјетил Јансруд со 624 и Доминик Парис од Италија кој има 405 поени.
Следните натпревари се во Аделбоден Швајцарија каде ќе се возат велеслалом и слалом на 10 и 11 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top