| четврток, 6 декември 2018 |

Колку беа добри прогнозите на „Враќање во иднината“

­ Во 1989 година, во филмот „Враќање во иднината 2“ Марти Мек Флај и Док Браун отпатуваа во 2015 година. Многумина беа залудени со овој филм, во кој се прославија глумците Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд во главните улоги и многу обожуватели се прашуваа дали овие работи навистина ќе бидат можни во далечната иднина.

Иднината стигна, но многу работи кои го прославија овој филм сепак не се остварени.

1. Летачки автомобили
Иако би било супер со летечки автомобили да се победат утринските гужви, овој изум се уште е далеку од остварување.

2. Патики кои сами се врзуваат
Најк уште во 2011 година исфрли футуристички патики кои можеме да ги видиме на Марти, но тогаш не постоеја на Пауерлејс патиките. Меѓутоа, група Канаѓани на Кикстартет почнаа да собираат пари за систем кој до крајот на 2015 година може да го олесни врзувањето на патиките.

3. Облека која ќе се прилагодува на телото
Марти Мек Флај во еден момент облекува јакна која автоматски се прилагодува на неговото тело. За жал, изумот кој значително би го олеснил шопингот и понатаму не е на повидок.

4. Легендарниот hoverboard
Hoverboard го спаси Марти од многу незгодни ситуации, а на радост на гледачите се чини дека тој изум не е блиску до своето остварување. Кон крајот на минатата година Хендо Ховер исфрли прототип на својот лебдечки скејтбоард, но нивната симпатична играчка се уште не е подготвена за масовно производство, пишува Дејли Меил.

5. Ајкула 19

Во филмот се гледаат видео повици како и холограми во кино. Денес видео повиците се наше секојдневие, а новиот изум на Гугл Глас потсетува на очила какви што ги видовме на филмот. 3Д филмовите и холограмите исто така се вообичаена појава, но се чини дека малку доцниме со продолжетоците на филмот Ајкула.

6. Хидратори за храна
Иако би било супер да се има ручек готов за само неколку секунди, Блек енд Декер хидратори за храна се уште не се на повидок. Иако микробрановите печки значително ја олеснувапостапката со загревање или одмрзнување, во филмот Враќање во иднината пицата беше готова за само 3 секунди. Годината само што почна па можеби иноваторите во светот ќе не изненадат со изум кој би бил поттикнат од овој легендарен филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top