| четврток, 6 декември 2018 |

Минијатурни нуклеарни бомби од Северна Кореја

nuklearno oruzjeЈужнокорејското Министерство за одбрана предупреди денеска дека Северна Кореја достигнала значително технолошко ниво при што може да произведува минијатурни нуклеарни уреди, кои може да се поставуваат на повеќе ракети.

– Способноста на Северна Кореја да го намали нуклеарното вооружување изгледа достигнала значително ниво, се наведува во соопштението.

Министерството нагласува дека Северна Кореја најверојатно произвела 40 килограми плутониум подготвен за нуклеарно оружје, преку репроцесурирање на потрошеното нуклеарно гориво и оти сега работи на збогатување на ураниумот.

Се претпоставува дека Северна Кореја стекнала капацитет за развој на ракети, кои би можеле да ги загрозат САД, предупреди Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top