Една од најубавите актерски двојки во Холивуд, Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс станаа среќни родители воочи Нова година. Како што пренесуваат американските медиуми, 27-годишната актерка на свет го донела своето прво дете во болницата во близина на нивниот дом во Њујорк. Полот на детето се уште не е откриен, но медиумите откриле дека знаат веќе како детето ќе се вика.
Исто така, иако породувањето малку подранило отколку што било очекувано, и мајката и бебето се чувствуваат добро.
Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс се венчаа во 2012 година, после 11 месеци врска, а актерката во текот на бременоста со задоволство истакнуваше дека сопругот и е голема поддршка во текот на овие девет месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.