| четврток, 6 декември 2018 |

Манастирот „Св.Никола Шишевски“, едно од најубавите места на Матка

Спо­ред со­чу­ва­ни­те из­вор­ни по­да­то­ци, се доз­на­ва де­ка ма­на­сти­рот за вре­ме на 15 и на 16 век прет­ста­ву­вал си­лен и акти­вен кул­ту­рен цен­тар во око­ли­на­та на Скоп­је

Све­ти Ни­ко­ла Чу­до­тво­рец е за­штит­ник на по­мор­ци­те и на си­ро­маш­ни­те, еден од нај­са­ка­ни­те хри­сти­јан­ски свет­ци и нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те има­ат сла­ва ток­му на 19 де­кем­ври, Св. Ни­ко­ла. Ме­ѓу мож­ни­те при­чи­ни за го­ле­ма­та по­пу­лар­ност на Све­ти Ни­ко­ла кај Ма­ке­дон­ци­те е и тоа што огро­мен број цр­кви го но­сат не­го­во­то име и ја од­бе­ле­жу­ва­ат сла­ва­та. Ед­на од нив е и ма­на­стир­ска­та цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ во се­ло­то Ши­ше­во во Ма­тка.

IMG_9281

– Ма­ке­дон­ски­от про­све­ти­тел Јор­дан Ха­џи Кон­стан­ти­нов – Џи­нот во сво­јот на­пис „Јуж­на стра­на скоп­ска“ од 21 мај 1855 го­ди­на во „Ца­ри­град­ски вес­ник“ за се­ло­то Ши­ше­во, а кај не­го стои Ше­ше­во, за­пи­шал де­ка е ос­но­ва­но на ре­ка­та Тре­ска до ма­на­сти­ри­те „Све­ти Ни­ко­ла“ и „Све­ти Ан­дре­ја“. По­на­та­му, за­пи­шал де­ка во се­ло­то има ста­ра цр­ква со ед­но ку­бе, храм „Све­ти Ни­ко­ла“, со слав­јан­ски ра­ко­пи­си, ка­ко и шест цр­кви раз­о­ре­ни и дру­ги ста­ри­ни, ве­лат исто­ри­ча­ри­те.

IMG_9362

Сред­но­ве­ков­на­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ се на­о­ѓа нас­про­ти цр­ква­та Св.Ан­дре­ја, од дру­га­та стра­на на езе­ро­то Ма­тка. Те­ре­нот е те­шко до­ста­пен. Та­му мо­же да се стиг­не са­мо пеш, ни­ту со мо­тор­но во­зи­ло, ни­ту со ве­ло­си­пед. Цр­ква­та се на­о­ѓа ви­со­ко на стрм­ни­те па­ди­ни на ка­њо­нот Ма­тка, од неј­зи­на­та дес­на стра­на.

IMG_9332

Спо­ред нај­ста­ри­те со­чу­ва­ни фре­ски, цр­ква­танај­ве­ро­јат­но, би­ла из­гра­де­на и жи­во­пи­са­на во вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век. На фа­са­да­та се пре­поз­на­ва­ат не­кол­ку спо­лии т.е. ка­ме­ни де­ло­ви, оста­то­ци од ан­ти­ка­та, а упо­тре­бе­ни ка­ко гра­де­жен ма­те­ри­јал при из­град­ба­та на цр­ква­та. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка при­па­ѓа­ле на ан­тич­ки храм т.е. све­ти­ли­ште што се на­о­ѓа­ло во бли­зи­на­та. Де­нес вид­ли­ви­от фре­ско­жи­во­пис да­ти­ра од 1630 го­ди­на.

Спо­ред со­чу­ва­ни­те из­вор­ни по­да­то­ци, се доз­на­ва де­ка ма­на­сти­рот за вре­ме на 15 и на 16 век прет­ста­ву­вал си­лен и акти­вен кул­ту­рен цен­тар во око­ли­на­та на Скоп­је. За­чу­ва­ни се ими­ња­та на трој­ца игу­ме­ни на ма­на­сти­рот: Ја­ков, Са­мо­ил и Вен­ја­мин. Од нив, осо­бе­но е акти­вен пр­ви­от, Ја­ков, кој го упра­ву­вал ма­на­сти­рот од 1630 го­ди­на до 1645 го­ди­на. Во не­го­во вре­ме цр­ква­та би­ла од­но­во жи­во­пи­са­на, би­ле ку­пе­ни зна­чи­те­лен број кни­ги за по­тре­би­те на ма­на­сти­рот и бил ку­пен крст за ол­тар­на­та пре­гра­да. Кон кра­јот на 19 век, ка­ко ре­зул­тат на сѐ по­за­че­сте­ни­те на­па­ди на ло­кал­ни­те ар­на­ут­ски бан­ди, ма­на­сти­рот бил це­лос­но за­пу­стен.

IMG_9366

Де­нес, ма­на­сти­рот Св.Ни­ко­ла Ши­шев­ски прет­ста­ву­ва ед­но од нај­у­ба­ви­те ме­ста на Ма­тка. Има мал­ку пи­шу­ва­ни­те из­во­ри за овој ма­на­стир, но, се­пак, во еден пре­пис на ма­на­стир­ски по­ме­ник се спо­ме­ну­ва де­ка во по­ди­га­ње­то и во жи­во­пи­су­ва­ње­то на по­ста­ра­та цр­ква по­ма­гал кра­лот Мар­ко, та­ка што мо­же да му се при­пи­ше кти­торс­тво. Не се знае точ­но кој бил кти­то­рот и на но­ва­та цр­ква, а се прет­по­ста­ву­ва де­ка лич­но се за­ло­жил скоп­ски­от ми­тро­по­лит Си­ме­он.
Ма­на­стир­ска­та цр­ква се со­стои од две град­би. По­ста­ра­та пр­во­бит­на град­ба прет­ста­ву­ва ед­но­ко­раб­на цр­ква. За­пад­ни­от дел е зби­ен, гра­ден од ка­мен и од ту­ла и не­го­ви­те фа­са­ди се расч­ле­не­ти со ар­ка­ди. Во цр­ква­та Св. Ни­ко­ла има два сло­ја жи­во­пис. Ста­ри­те фре­ски по­тек­ну­ва­ат од 14 век и се де­лум­но откри­е­ни под жи­во­пи­сот од 17 век. Од ста­ри­те фре­ски вид­ли­ви се ли­ко­ви­те на че­тво­ри­ца све­ти оци на се­вер­ни­от и на јуж­ни­от ѕид на ол­та­рот и двај­ца све­ти во­и­ни во на­о­сот. Тоа се све­ти­те во­и­ни Ѓе­ор­ги и Ди­ми­три­ја об­ле­че­ни во со­вре­ме­ни вла­де­тел­ски одеж­ди, со ви­со­ки ка­пи. Спо­ред до­се­га поз­на­ти­те фре­ски од пр­ви­от слој жи­во­пис, се чи­ни де­ка го изра­бо­ти­ле двај­ца сли­ка­ри што при­па­ѓа­ат на пле­мен­ско-мо­на­шка­та гру­па сли­ка­ри од вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век.
Жи­во­пи­сот од 1630 го­ди­на кој се на­о­ѓа во вто­ра­та цр­ква, од­нос­но во при­пра­та­та, е мош­не до­бро за­чу­ван. Во дол­на­та зо­на се сли­ка­ни од­дел­ни све­ти­те­ли, над нив сце­ни од жи­во­тот на св. Ни­ко­ла, а во гор­ни­те зо­ни се сце­ни­те од чу­да­та и ма­ки­те на Исус Хри­стос.

IMG_9334

Све­ти Ни­ко­ла е ед­на од нај­по­пу­лар­ни­те и нај­прос­ла­ву­ва­ни сла­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Мно­гу се­мејс­тва ја праз­ну­ва­ат оваа пос­на сла­ва во чест на све­те­цот Ни­ко­ла, за­штит­ни­кот од не­сре­ќи, па­тро­нот на го­лем број ку­ќи во зем­ја­ва. Сла­ва­та поч­ну­ва да се праз­ну­ва со ве­че­ра на 18 де­кем­ври за најб­ли­ски­те од се­мејс­тво­то. Пред да стиг­нат го­сти­те до­а­ѓа поп, кој ги бла­гос­ло­ву­ва сла­ва­та и се­мејс­тво­то. Кај мно­гу се­мејс­тва праз­ну­ва­ње­то на сла­ва­та се пре­не­су­ва од ко­ле­но на ко­ле­но.

– Св.Ни­ко­ла е за­штит­ни­кот на При­леп. За ве­че­ра се под­го­тву­ва сар­ма и грав, утре про­дол­жу­ва­ме до­ма, по­ве­ле­те има уште, а по­тоа в град, ќе има ма­сов­но ја­де­ње сар­ма и грав. Доз­во­ле­ни се и го­сти. Сре­ќен праз­ник на си­те – ве­лат при­леп­ча­ни.

– Мно­гу се­мејс­тва си има­ат свој ден, свет ден или све­ден, ка­ко што се ви­ка ме­ѓу на­ро­дот, служ­ба или сла­ваПе­тков­ден, Ми­тров­ден, Аран­ге­лов­ден, Та­на­сов­ден, Све­ти Вра­чи, Св. Ни­ко­ла, Св. Ѓор­ѓи­ја и дру­ги што го праз­ну­ва­ат со служ­би, со ме­се­ње обред­ни ле­бо­ви, со но­се­ње во цр­ква­та, со го­сти итн., но мал­ку­ми­на зна­ат за све­те­цот што го сме­та­ат за свој па­трон или за­штит­ник, кој бил тој, ка­де е ро­ден, во кој век жи­ве­ел, за што се бо­рел, кои се не­го­ви­те зас­лу­ги за хри­сти­јанс­тво­то, ка­ко го за­вр­шил жи­во­тот итн. Мал­ку се знае и за сим­бо­ли­ка­та на обред­ни­те пред­ме­ти што при­тоа се упо­тре­бу­ва­ат – тем­јан, ви­но, пче­ни­ца, мас­ло, све­ќа, ико­на, во­да и дру­ги. Не­кои се пра­шу­ва­ат зо­што Св. Ни­ко­ла има два праз­ни­ка и ле­тен и зим­ски – ве­ли Мар­ко Ки­тев­ски од Ин­сти­ту­тот за фолк­лор.

IMG_9368

– Све­ти Ни­ко­ла се па­ѓа во вре­ме на пост, а за по­сен ру­чек во ку­ќа­та се­ко­гаш има­ло. Браш­но за леб, ки­се­ла зел­ка и ком­пир за ру­чек, ка­ко и ра­ки­ја, а тоа би­ло до­вол­но да ги пос­лу­жи­те со­се­ди­те, при­ја­те­ли­те и род­ни­ни­те – ве­лат ет­но­ло­зи­те.

Вер­ски­от ана­ли­ти­чар по­тсе­ту­ва на уште ед­на пра­ктич­на при­чи­на за оми­ле­но­ста на Све­ти Ни­ко­ла.

– Би­деј­ќи во ми­на­то­то ов­де се­ла­ни­те се за­ни­ма­ва­ле со зем­јо­делс­тво, во те­кот на зи­ма­та вре­ме­то би­ло по­год­но за сла­ви и за со­би­ра­ње на лу­ѓе­то би­деј­ќи не­ма­ле пол­ска ра­бо­та. 
Не­ве­ро­јат­на­та жи­вот­на при­каз­на на све­ти Ни­ко­ла е нај­воз­буд­ли­ви­от дел од сто­ри­ја­та за еден од пр­ви­те све­ти­те­ли. При­чи­на­та за не­го­ва­та по­пу­лар­ност тре­ба да се ба­ра во са­ма­та лич­ност на све­ти Ни­ко­ла, кој це­ло­то свое бо­гат­ство нас­ле­де­но од ро­ди­те­ли­те го раз­де­лил на си­ро­маш­ни­те, ста­ри­те и на не­моќ­ни­те. Со ед­на тор­ба трг­нал на пат со вер­ба­та во Бо­га и се сме­та за чу­до­тво­рец – ве­лат ет­но­ло­зи­те.

Би­деј­ќи са­кал да оста­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в ра­ка, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат. Ток­му од не­го­ва­та до­бри­на про­из­лег­ла ле­ген­да­та на Де­до Мраз, кој во пре­срет на Бо­жик на де­ца­та им оста­ва по­да­ро­ци во чо­ра­пи­те за­ка­че­ни на ог­ни­ште­то.

Пишува Невена Поповска
Фото: Златко Божиновски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top