| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Продолжува јавната дебата, отворени сме за нови предлози

Јавната дебата продолжува а нови предлози може да се прифаќаат и во двете години кои остануваат до примената на законот за високо образование, порача во Дневникот на Сител премиерот Никола Груевски. Груевски е задоволен од денешната јавна расправа од која очекува да бидат усвоени повеќе предлози.

– Во 20 часот вечерва имаме состанок на кој ќе видиме што може д асе преземе од денешните предлози од расправата со интеруниверзитетската конференција. Имаше предлог не една третина туку половина од испитите од трета да се полагаат без положен државен. Тоа веднаш го одобривме. Па ние за кого работиме? За студентите, за професорите, за сите – рече Груевски,

– Ова е крупна реформа. Секогаш може д а се најде нешто да се дополни за да биде подобро. До примената имаме уште 2 години. До тогаш веројатно ќе има и нови подобрувања. Јас реков денеска- идеите кои ќе дојдат сега ќе влезат во самиот текст, но и понатаму ќе има простор за промени – вели премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top