| четврток, 6 декември 2018 |

Реканскиот крај доби струја

20150102_131105Од вчера вечер во функција е ставен новоизградениот 10 кВ далекувод во реканскиот крај со што напон доби трафостаницата Јанче. Селата: Косоврасти, Јанче, Галичник добија електрична енергијна, а интензивно се работи и во другите населени места во овој регион. Отстранети се дефектите и во најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион. Во текот на вчерашниот ден нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево.

Globochica_ Kula Lukovo poleЕкипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.

20150102_141102На санирање на прекините во снабдувањето со елкектрична енергија на терен работат над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија, а ќе бидат распоредени и дополнителни екипи за интервенции во нисконапопнската мрежа за време на претстојните божикни празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top