| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ова е пресвртна точка за подобрување на образовниот систем

20150105_144919(1)-Не треба да се плашиме од знаење. Не треба професорите да се плашат и ова кога го говорам, мислам на дел од професорите, не се сите такви. Ние предвидуваме и странци да бидат професори и ректори. Не треба професорите да се плашат. Зошто би се плашеле од ново знаење и тоа знаење од професори кои доаѓаат од земји кои се понапредни од нас во образовните системи. Тоа е исто како кога странец е на чело на репрезентација. Кога се победува во ракомет на пример победува државата, сите граѓани. Ова е пресвртна точка каде мора да се преземат чекори за подобрување на образовниот систем. Ова е за подоброна факултетите, за студентите, за подобро на целата држава- посочи премиерот Никола Груевски на дебатата со универзитетските претставници во Собранието на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top