| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Подготвени сме да прифатиме измени ако нешто сме згрешиле, се уште има време

gruevski-intervju-630x365– Ние не дојдовме тука за да ја одложиме дебатата туку да аргументираме со факти и докази- посочи премиерот груевски на дебатата во Собранието.

На барањето на ректорот Стојковски да се одложи дебатата и таа да трае подолго, премиерот Груевски нагласи дека дебатата трае од октомври минатата година, кога е испратен дописот до Универзитетите.

-Не знам за кој закон подолго се дебатирало. Јавното излегување на професори студенти министри- се е дебата. Ние ги слушаме сите аргументирани ставови. Имаме одговор на се. Дел од тие забелешки прифативме, а дел не, за што имаме аргументи- додаде Груевски на дебатата во Собранието на РМ со членовите и гостите на интеруниверзитетската конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top