| четврток, 6 декември 2018 |

Микаела Шифрин ги „згази“ конкурентките

Американската алпска скијачка Миакаела Шифрин е победник на слаломот возен над Загреб на Сљеме. Таа беше супериорна во однос на конкуренцијата и победи во двете трки со вкупно време од 1:56,66 минути и со предност од цела минута и 68 стотинки зад себе ја остави австриската скијачка Катрин Цетел. На третото место се пласираше Норвежанката Нина Лосет која заостана неверојатни 2,79 секунди.
Младата 20.годишна Шифрин ова и е 13 победа и има дури 20 подиуми во кариерата.

mikaela shifrin

Во борбата за малиот кристален глобус во слалом води Швеѓанката Фрида Хансдотер со 320 поени со само еден бод предност во однос на Шифрин, а на третото место се наоѓа Тина Мазе со 294 бода која води во вкупниот генерален пласман за сите дисциплини.
Мазе во вкупниот поредок досега собра 777 поени, пред Шифрин со 545 и Ана Фенингер со 487 бода.

Следната трка во женска конкуренција е во Бад Клајкирхејм на 11 јануари, а ќе се вози спуст, додека мажите веќе утре ќе настапат на Сљеме истотака во слалом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top