
Министерството за образование и наука информира дека е прифатлив предлогот кој вчера го изнесоа претставници на дел од студентските парламенти во Македонија, а кој се однесува на можноста за студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година.
– Предлогот на студентите е надополнување на првичната иницијатива на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ – Охрид, кој побара студентите да можат да одат на предавања, односно да слушаат предмети од третата студиска година, независно дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година – соопшти МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН му ги врати ингеренциите во образованието на Таравари
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти


