На покана на Владата и Министерството за образование и наука денеска во хотелот „Александар палас“ од 13.30 часот се очекува дебата со членови на Интеруниверзитетската конференција. Средбата со професорите е закажана за да се разменат мислења и аргументи за предложените реформи во висoкото образование.
МОН завчера ја упати поканата до Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Интеруниверзитетската конференција, и таа е прифатена, како што беше посочено, во насока на подобрување на високото образование.
Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.
Целта е да се слушнат повеќе мислења, а професорите, наведува МОН, ќе ги определи самата Интеруниверзитетска конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.