Во Музејот на град Скопје вечерва, во 20 часот, свечено ќе биде отворена изложбата, мултимедијалниот проект инсталација на познатиот уметник Киро Урдин, „Франкофонија планетариум“.
Овој перформанс е резултат на долгодишната работа на уметникот низ најразлични земји низ светот. Инсталацијата ќе ја отворат Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура на Македонија, и нејзината екселенција Лоренс Оер, амбасадорка на Франција.
Оваа манифестација е централен настан во редицата активности со кои се одбележуваат мартовските денови на франкофонијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.